Крвава Месечина

Денешната кравава Месечина (4-ти април), односно целосно затемнување на Месечината траеше само 4 минути и 43 секунди и всушност претставува најкраткото во скоро 5 века, по она на 17-ти октомври 1529 година која траело 1 минута и 42 секунди.


Крвавата Месечина е трета по ред, од серијата на вкупно четири еклипси, феномен што астрономите го нарекуваат „тетрада“. Еклипсите се случуваат на приближно 6 месеци, а толкавата блискост измеѓу истите е ретка појава. Првата еклипса беше на 15-ти април 2014 година, втората на 18-ти октомври 2014 година, а четвртата се очекува на 28-ми септември оваа година.

Затемнувањето беше видливо од западниот дел на Северна Америка, Пацификот, источна Азија, Австралија и Нов Зеланд.

Поддржете ја нашата работа: