Научниците се на прагот на откривање на потенцијално нов начин за лекување на невробластома – најчетата форма на рак кај малите деца и тоа со помош на наночестичи наполнети со зачинот куркума.
Новите истражувња покажале дека хемикалијата куркумин што ја содржи овој познат зачин помага во уништувањето на клетките од невробластомата.
Невробластомата е вид на рак кој започнува во раните нервни клетки и обично се формира во ткивото на надбубрежната жлезда. Само во САД секоја година се дијагностицираат 700 нови случаи на невробластома, од кои најголемиот број кај деца под пет години. Овој вид на рак тешко се лекува и голема е веројатноста да стане отпорен на стандардните третмани или да се јави повторно.Невробластомата исто така е поврзана и со други ефекти што се јавуваат после завршувањето на третманите, како што се заостанување во развојот, губиток на слухот и други пореметувања.
Анти-канцерското дејство на куркуминот е докажано и претходно, но многу е тешко оваа хемикалија да се инкорпорира во лековите, бидејќи е слабо растворлива и нестабилна.
Научниците од Универзитетот во Централна Флорида и Детската болница Немарус, откриле дека наночестичките може да се користат како средство со помош а кое куркуминот ќе се достави до клетките на ракот.
Тие наполниле наночестички од цериум оксид со куркумин и ги обложиле со декстран. Тестирањата направени на клетки од необластома во лабраториско услови, покажале дека ваквата комбинација уништува значителен број на клетките од ракот, додека врз здравите клетки има незначителен негативен ефект.
Следниот чекор на истражувачите е да утврдат дали истите позитивни ефекти ќе се добијат и при тестирањата на животни.
Истражувањето е објавено во спсанието „Nanoscale“.