Наночестички за внатрешно крварење

Тим од научници од Политехничкиот Институт во Вирџинија и Универзитетот „Case Western Reserve“ – надоградувајќи претходно истражување, создале наночестички кои можат да носат лекарства директно до местото на повредата во телото, со што процесот на лекување започнува дури и пред повредениот да го напушти бојното поле или местото на несреќата.

Овие наночестички, кога ќе се инјектираат, влегуваат во крвотокот и ги „бараат“ тромбоцитите (крвните плочки) кои се одговорни за згрутчување на крвта. Кога ќе дојдат до тромбоцитите, хемиската обвивка што се наоѓа околу овие наночестички се прикачува за тромбоцитот со што настанува нивно спојување.  

Претходни истражувања покажале дака ваквото спојување на наночестичките и тромбоцитите доведува до зголемување на стапката на прежививање кај глувци со вакви повреди, од 60% до неверојатни 95%. Новото истражување , што беше објавено во „ACS Macro Letters“ покажува дека бенефитот од овие наночестички може уште повеќе да се зголеми, ако тие носат анти-инфламаторни лекови. Штом ќе стигнат до местото на траумата, наночестичките природно се распаѓаат испуштајќи ги медикаментите директно во повреденото место.

Претходните истражувањата, исто така покажале дека преживувањето е директно поврзано со повредите на белите дробови, така што со  редуцирањето на крварењето во белите дробови, наночестичките го помогнале преживувањето. И со новото истражување се добиени слични резултати – многу скоро после повредата, наночестичките помогнале да се обнови функцијата на оштетените бели дробови кај глувци и само после една недела состојбата им била значително подобрена во споредба со нетретираните глувци.

Овие импресивни резултати, се разбира нема да бидат ограничени само на воените зони. Бидејќи внатрешните крварења се водечка причина за смрт на популацијата од 5 до 44 – годишна возраст во САД, истражувачите се надеваат дека инјектирањето на наночестички ќе може да се примени за да се успори крварењето во ситуации како што се сообраќајните несреќи.

Поддржете ја нашата работа: