Новото истражување од страна на медицинскиот центар Шар-Зедек и Бар-Илан Универзитетот, вели дека капките за очи со наночестички би можеле да ни го подобрат видот, така што веќе никогаш нема да ни бидат потребни наочари.
Тимот од отамолози од истоимениот институт дизајнира и тестира нано-капки кои во комбинација со мал ласерски зафат ја подобруваат кратковидноста и далековидноста.
Клиничките тестирања на луѓе ќе започнат кон крајот на оваа година. “Процесот вклучува 3 чекори”, вели професорот по електро-инженеринг и нано-фотоника од Универзитетот Бар-Илан, Зеев Залевски.
Првиот чекор е апликацијата која треба да ја инсталира пациентот на својот мобилен телефон, која ја мери рефракцијата на очите, односно кршењето на светлосните зраци во диоптрискиот уред на очите што ни овозможува создавање слики на рожницата.
Натаму се создава ласерски примерок кој се проектира на корнеалната површина на окото. Овој хируршки зафат трае помалку од секунда. Конечно, пациентот добива посебни капки со наночестички.
Наночестичките влегуваат во плиткиот, горен слој формиран со аблација на рожницата. Капките го менуваат индексот на рефракција, индексот на прекршување на светлината што го корегира проблемот кој го има личноста со видот. Корекцијата може да се направи во домашни услови и без присуство од лекар.
Залевски вели дека третманот се разликува од редовната ласерска операција со која се отстранува значителен дел од рожницата, транспарентниот слој кој се формира пред очите. Со новата процедура е зафатен само горниот дел од рожницата. Ваквиот пристап кон проблемот со видот може да биде ефикасен за многу пациенти.
Сепак, недостатокот на овој зафат е во тоа што, бидејќи третманот не е агресивен, пациентот ќе мора истиот да го повторува секој месец до два со цел да го задржи добриот вид.