Шведски научници направиле гориво од остатоци од дрво

Дали корените, гранките и гранчињата еден ден може да се користат како погонско гориво за автомобилите? На тоа се надева група шведски научници откако произвеле биопродукт којшто, засега скромно, го прави токму тоа.

Хемичарот Кристијан Хултеберг од универзитетот во Лунд го искористил црна течност којашто е отпад во производството на целулоза и хартија, за да го создаде полимерот лигнин.

После прочистувањето и филтрацијата, го претворил во мешавина на гориво.

„Всушност користиме дел од стеблото коешто е отпад во производството на целулоза и хартија… тој дел им додава вредност на помалку корисните делови од стеблото“, вели Хултеберг.

Во смисла на заштита на природата, Хултеберг вели дека е подобро од другите биогорива, како на пример, етанолот.

„Голем дел од контроверзиите поврзани со производството на етанол произлегува од употребата на сировините коишто всушност може да се користат за исхраната на луѓето“, објаснува научникот.

Хултеберг изградил и пробна електроцентрала и се надева дека ова своевидно „шумско гориво“ ќе биде во поширока употреба до 2021 година.

Иако ќе задоволува само дел од потребите на шведските возачи, се очекува дека заедно со другите обновливи извори на коишто сега се работи, ќе придинесе за намалувањето на употребата на фосилните горива.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.