Лавица убила лав по осум години заеднички живот во зоолошка градина

Дванаесетгодишната лавица Зури со заби го задавила лавот Нијак по осум години заеднички живот во нивниот заеднички простор во зоолошката градина во Индијанополис.

Со десетгодишниот лав, Зури живеела осум години, а во 2015 година добиле три младенчиња.

„Нијак беше величествен лав и на сите ќе ни недостига“, наведува управата на зоолошката градина, додавајќи дека е спроведена целосна истрага за тоа што го предизвикало судирот.

Персоналот рекол дека слушнале ненадејно и невообичаено рикање кое доаѓало од просторот за лавови.

Кога дошле, ја здогледале Зури како со заби го држи за врат својот партнер, но и покрај напорите да ги разделат, нејзината вилица не пуштала сè додека Нијак не престанал да мрда.

Од зоолошката градина велат дека меѓу лавот и лавицата досега немало агресивно однесување, но во природата секогаш можат да бидат забележани слични напади.

Поддржете ја нашата работа: