Најстариот алигатор од 1937 година сеуште живее во Белград

Американскиот алигатор, чие име е Мујо, за кој се верува дека е најстариот жив припадник на својот вид, сеуште има добро здравје и одличен апетит. Ја помина и својата 80та година во зоолошката градина “Добре наде” во Белград, каде се доселил уште пред Втората светска војна.

Многу од граѓаните на Белград и бројни туристи ја посетуваат оваа зоолошка градина токму поради Мујо, кој може да го видат како грицка глувци и препелици.

Со текот на годините само помалку станал подвижен. Единствениот здравствен проблем кој досега го измачувал овој алигатор низ годините е гангрената поради што во 2012та година му е ампутирана десната предна канџа.

“Мујо има добро здравје, нема проблеми со исхраната и за своите години е во добра форма. Се надеваме дека уште многу години ќе остане во истата состојба”, вели директорот на зоолошката градина, Србољуб Алексиќ.

Мујо во 1937 година во Белград пристигнал од Германија, а медиумите од тоа време пишувале дека тогаш имал само 2 години.

Најстариот американски алигатор преживеал две бомбардирања на Белград, германското во 1941 година, а потоа во 1944, кога е изгубена неговата документација за преместувањето.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.