Лекови за холестерол со ист ефект како марихуаната

Според истражувањето објавено во априлското издание на списанието „The FASEB“, фенофибратот, исто така познат по името на брендот “Tricor®“, може да се користи во широк спектар на здравствени проблеми, како што се болка, стимулација на апетит, гадење, како и за имунолошкиот систем и различни психијатриски и невролошки болести. Ова укажува дека фенофибратот може да биде почетна точка за нова класа на лекови како замена на марихуаната за лекување на овие состојби.

„Со илустрација на односот меѓу фенофибратот и канабиноидниот систем, имаме за цел да го подобриме нашето разбирање на овој клинички значаен лек”, вели д-р Ричард С. Присли. Студијата претставува основа за истражување на нови лекови кои ги имаат таргетирано овие важни рецептори.

Присли и соработниците култивирале клетки кои содржат канабиноидни рецептори и ги изложиле на соединение, кое се врзува за канабиноидните рецептори. Тие откриле дека фенофибратот е во можност да го менува соединението и да се врзе за канабиноидните рецептори.

Исто така, тие откриле дека фенофибратот всушност  ги активира канабиноидните рецептори не само во овие клетки, туку и во делови на цревата. Овој процес резултирал со релаксирање на ткиво на идентичен начин како дејството на марихуаната.

И покрај фактот дека фенофибратот се користи многу години и неговиот механизам на дејство се поврзува со сосема поинаква група на рецептори, ова сугерира дека барем некои од ефектите на фенофибратот се контролирани од страна на канабиноидните рецептори.

Овие наоди претставуваат огромна можност за сите оние кои сакаат да си ги олеснат тегобите без да станат „хај“ од марихуаната.

Поддржете ја нашата работа: