Леопард на улиците на Лондон

Огромен, хиперреалистичен робот-леопард бил изожен на лондонскиот Трафалгар сквер.

Роботот наречен Лили, висок е 1,3 метри,  тежи 50 килограми и има повеќе од 40 движења, од кои поголемиот дел се  фокусирани на деталниот израз на лицето и крикот.

Роберт Нолан и неговиот тим го направиле овој леопард со цел да ја подигнат свеста за загрозеноста на живеалиштата на леопардите, кои сѐ повеќе мора да коегзистираат со луѓето.

Во некои места како Мумбаи, леопардите скитаат по улиците, бидејќи 90 проценти од нивните природни живелишта се уништени, вели Нолан.

„Заради губиток на своите природни живеалишта, леопардите немаат друг избор и мораат да ја делат територијата со луѓето, а со тоа тие се изложени на огромен ризик“– вели Нолан.

Лили е дел од кампањата на „Nacional geographic“, а жителите на Лондон биле прилично шокирани кога го виделе леопардот на улиците во главниот град.

Нолан вели дека 16 мотори ги контролираат движењата на главата и го прават леопардот исклучително подвижен.

Заради губиток на живеалиштата и постојаното опаѓање на популацијата леопардите се ставени на листата на загрозени видови.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.