Убави вести: Леопардот кој се сметаше за изумрен се појави после 30 години

Видот на леопарди за кој се веруваше дека е целосно исчезнат, забележан е во југоисточниот дел од Тајван после повеќе од 30 години, па се чини дека големата мачка се заштитила од ловци и од уништување на природното живеалиште.

Формозанскиот облачен леопард (Neofelis nebulosa brachyura) е подвид на облачниот леопард. Ова животно е ендемично за островот Тајван и досега, од 2013 година кога званично беше прогласен, се верува дека е изумрен вид.

Неговата опашка е пократка од опашката на останатите подвидови на облачниот леопард.

Формозанскиот облачен леопард е второ најголемо животно на Тајван, после формозанската црна мечка. Откако голем дел од неговото природно живеалиште било уништено, ова животно било принудено да се повлече на планините Јушан и Даву. Формозанскиот облачен леопард последен пат бил забалежан во 1980тите.

Луѓето од народот Рукаи, тајванските абориџини, веруваат дека нивните предци настанале од овие мачки.

Сепак, жителите на градот Дарен, Таитунг, на југоистокот од Тајван, пријавиле дека пред неколк месеци го сретнале овој леопард, а група ренџери започнала да ги следи областите во кои тој се појавува.

Истражувачите ја координираат работата со локалното население, со цел да се спречи лов на заливот.

Поддржете ја нашата работа: