Лизгави карпи во „Долината на смртта”

Racetrack Playa“ или „Долината на смртта” е подрачје во кое е присутен еден занимлив геолошки феномен. Се работи за камења со тежина од неколку стотици килограми, кои се движат по должината на мазна и сува површина, без да влијаат на човечката или животинска активност.

При движењето, камењата оставаат долга патека. Мистеријата за „Долината на смртта” е се’ уште предмет на истражување, и не е сосема јасно поради што овие камења се движат низ пустината.

Racetrack Playa“ некогаш било езеро, а сега област каде што ретко врне дожд, неколку сантиметри годишно. Кога површината е влажна се претвора во мека и доста лизгава кал, а трагите кои ги оставаат камењата укажуваат на факти дека токму тогаш и се движат.

Едно од предложените тврдења на научниците за оваа мистерија е дека карпите се движат под влијание на ветерот во периодот кога површината е лизгава и прекриена со кал.

Поддржете ја нашата работа: