Во глечерите на Гренланд откриени остатоци најстарите организми на светот

Научниците од Униврзитетот во Копенхаген веруваат дека во карпите од појасот Исуа на Гренланд ги откриле остатоци од најстарите организми на светот.

Според студијата што е објавена во списанието „Nature“, остатоците се стари околу 3,7 милијард години и се откриени со помош на техника на ласерско скенирање.

Во карпите се пронајдени трагови од јаглерод, кислород, азот и фосфат, а единствен елемент што недостасувал е водородот. Научниците наведуваат дека водородните атоми се толку мали што веројатно се ослободиле од карпите.

Image result for Isua Greenstone Belt in Greenland.

Тие веруваат дека елементите пронајдени во карпата се остатоци од едноклеточни организми – веројатно бактерии.

Иако не можеме со сигурност да кажеме кога точно настанал животот на Земјата, сега секако знаеме дека тоа се случило пред најмалку 3,7 милијарди години. Исто така знаеме дека микробите живееле во мрска средина, бидејќи нивните остатоци се наталожиле на дното на првите океани“- вели др. Туе Хасенкам, лидерот на истражувањето.

Ова откритие би можело да им овозможи на научниците подобар увид во еволуцијата на животот на нашата планета и да укаже дека животот на Земјата можеби е донесен преку некој астероид.

Поддржете ја нашата работа: