Лошите животни навики на мажите се пренесуваат во ДНК на децата

Докторите често ги предупредуваат бремените жени да престанат да пијат и пушат, како и да ја намалат тежината ако сакаат да родат здраво бебе. Можеби ќе треба да почнат да ги предупредуваат и мажите. Едно ново истражување вели дека нездравиот начин на живот е запишан во спермата на мажите и може да се пренесе на децата.

Научниците испитувале примероци од сперма на дебели и слаби мажи и забележале значителни разлики во оние делови на гените кои се поврзани со апетитот. Просто кажано, дебелите мажи може да ја пренесуваат дебелината на своите деца.

На научниците им е веќе познато дека одредени настани кои му се случуваат на телото може да предизвикаат гените да добијат некои хемиски или епигенетски ознаки кои ја зголемуваат или намалуваат нивната активност. На пример, истражувањата покажале дека децата па дури и внуците на жените кои кога биле бремени биле изложени на глад, имаат поголема веројатност да заболат од дијабетес, кардиоваскуларни болести, како и да ја зголемат својата телесна тежина. Ова е прв пат научниците да покажат дека истото може да се пренесе преку машка линија.

Научниците исто така забележале просечно 5.000 структурни промени во ДНК на спермата кај мажите кои имале направено операција за стеснување на желудникот (прстен на желудникот), во споредба со ДНК на спермата пред операцијата. Тие сметаат дека овој процес е еволуционарен остаток, со оглед на тоа што дебелината во минатото се сметала за предност – способност за зачувување енергија и спротиставување на инфекциите и гладот.

Научниците планираат да продолжат со истражувањата на ембриони кои се создадени од спермата на мажи со различна тежина. Додека не дознаат повеќе, едноставно им препорачуваат на идните родители да бидат колку што можат поздрави за време на зачнувањето.

Истражувањето е објавено во „Cell Metabolism“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.