Првите 13 дена од зачнувањето во голема мера  сѐ уште  остануваат  мистерија за науката.

Бидејќи хормоните за бременост се на многу ниско ниво за да можат веднаш да се регистрираат  позитивно со тестовите за бременест ,тешко може  да се знае дали  жената e бремена, а без да се гледа во матката со помош на специјална опрема не може да се набљудува растот на оплодената јајце глетка.

Во голема мерка  , целиот процес е познат- ембрионот ( маса од клетки позната како бластоцист) ја отфрла надворешната обвивка и се имплантира во ѕидот на матката.

Сепак , во Мај оваа година истражувачите од Универзитетот Рокфелер успеале први да набљудуваат – и да растат ,  човечки ембрион во лабораторија до 13 дена после оплодувањето (што е етички максмалното дозволено време).
Истражувачите растеле ембрион во лабораторија , со тоа што му давале инсулин и други потребни хранливи материи , без да има потреба од  ѕидот на матката.

Ова покажува дека самиот ембрион содржи генетски инструкции за тоа како да се  развива , кои не ги дели со мајката ( барем во почетокот) и ветува нови модели за човековиот развој и нов увид за неуспешните бремености.

Иако ова истражување не значи  дека  ќе можат да  се растат бебиња во лабораторија , сепак е навестување за иднина кога можеби човечката матка нема да биде „задолжителна“.

Постои меѓународен договор да не се вршат експерименти со човечки ембриони постари од 14 дена, после ова истражување некои од научниците бараат зголемување на овој период

Поддржете ја нашата работа: