Ако сте од оние кои секогаш навреме пристигнуваат на договореното место, сигурно крајно ве нервираат таквите коишто имаат навика да доцнат. Нареден пат во таква ситуација, добро размислете дали вреди да ги губите нервите. Еве зошто!
Диана Делонзор, американски тренер за личен развој и автор на книги, пишува дека лицата кои секојдневно вложуваат се` од себе да стасаат навреме и притоа да ги завршат сите обврски, развиваат преголеми очекувања и се нереални. Тие ја трошат целата своја енергија во трчање од една на друга работа, брзање од една на друга обврска, по што не им останува доволно време да се посветат на својот внатрешен мир. Имаат поинаква перцепција за времето и го мерат во единица извршени задачи, кои си ги задале тој ден.
За разлика од нив, лицата што не гледаат постојано на часовникот и често доцнат, се поопуштени и покреативни. Нивниот мозок е поодморен, со оглед на тоа што тие не си поставуваат премногу цели во еден ден. Ослободени се од стресот, дали ќе стигнат некаде навреме и развиваат оптимизам.
Истражувачите дури дошле до фасцинантен заклучок дека за оние кои доцнат, една минута трае 77 секунди, а за оние кои секогаш се навреме, 57 секунди.
Логиката е едноставна. Со помалку стрес, одморен организам, позитивен став, внатрена исполнетост се намалува ризикот од болести и на тој начин се продолжува животот.
Во соработка со Gostivarpress.mk