Дали сте знаеле за новото експлозивно забрзување на процесот на еволуција? Промените кои, ние и ги направивме на Земјата се толку длабоки што веќе делуваме и на еволутивниот пат на голем број од видовите.
Загадувањето, урбанизацијата, глобалното затоплување, зачестениот лов и риболов, инвазијата на егзотични видови, припитомувањето, создавањето на нови и уништувањето на старите болести се само некои од активностите на човекот, кој многу од нив влијаат на еволуцијата.
Новото истражување на Марина Алберт и нејзиниот тим, не оставаат простор за сомнеж дека луѓето се одговорни за новите забрзани еволутивни промени.
Добро е познато дека зачестениот риболов доста влијае на загрозување на видовите, на пример, ловењето на големи риби доведува до репродукција помеѓу мали риби, а се повеќе од нив стануваат зрели на помала возраст, додека се мала големина.
Во урбаните подрачја, каде влијанието на човекот е повеќе од очигледно, многу растенија и животни евулуираат за да одговараат на промените на животната средина. Така на пример, птиците ја менуваат бојата на перјата, рибите стануваат отпорни на загадената вода, а плевелот и тревата растат на асфалтирани површини каде не ги растеруваат своите семиња.
Но отпорноста на антибиотици е еден од најчестите примери кои ги имаме за еволуцијата кога зборуваме за современи видови. Тоа посебно штети на нашите напори за контрола врз заразните болести.
Ние сеуште еволуираме, а тоа што влијае на другите видови влијае и на нас, така што не може да се избега од големите промени на животната средина кои моментално се случуваат. На пример, развојот на земјоделството пред 10.000 и 5000 години се случувало на барем девет различни места на Земјата и во повеќето случаи е поврзано со големите промени на животната средина и општеството.
Натаму, тоа доведе до големи миграции на луѓето, брза експанзија и хомогенизација на јазикот и културата, како и голем број промени во технологијата. Се случи голема промена во исхраната, вклучувајќи го намалувањето на различноста, и драматичен пораст на население.
Последица од тоа беше големата епидемиолошка транзиција кога за прв пат се појавиле и многу сегашни класични заразни болести како резултат на нехигиенски услови, присуство на припитомени животни кои ги привлекуваат човечките населби. Сето тоа драматично го зголеми бројот и видовите на патогени.
Последиците од тие промени се чувствуваат и денес, кога повеќе од 86% од сегашните болести предизвикуваат гени од Европјани и Африканци кои настанале како резултат на промените кои се случиле по историската транзиција на земјоделството.
Затоа, треба да почнеме да размислуваме на иднината, за да последиците на човечкото влијание врз Земјата не ни се вратат во иднина.