1. Близнаците можат да имаат двајца различни биолошки татковци
Во 2009 година, Миа Вашингтон родила близнаци од двајца различни татковци, појава со размер 1:милијарда. Во еден месец, Миа имала две јајце клетки, наместо една. Двајцата сексуални партнери оплодиле по една, што резултирало со две бебиња од различни татковци. До 2011 година, регистрирани се 3 вакви случаи.
2. Во ретки случаи, близнаците може да бидат различни раси.
Ова е резултат на еден во милион комбинација на гените од родители од различна раса. Ако родителите се мешани раси, нивните јајце клетки или сперма содржат генетски код за црна и бела кожа и во многу малку случаи ова резултира со близнаци со различна боја на кожата.
3. Одделените близнаци можат да живеат мистериозно слични животи
Џим Луис и Џим Спрингер имале четири недели кога биле разделени, и биле посвоени од различни семејства. Подоцна било откриено дека нивните животи имаат неколку навистина извонредни сличности. И двајцата имале куче по име „Toy“ како деца, се женеле два пати, прво со жени по име Линда и вторпат со жени кои се викаат Бети. Двајцата возеле„ Chevys“, пушеле цигари „Salem“ и пиеле пиво „Miller Lite“.
4. Ако еден пар на идентични близнаци се ожени со друг пар на идентични близнаци, нивните деца законски ќе бидат братучеди, но генетски ќе бидат браќа и сестри.
5. Жените кои раѓаат близнаци може да живеат подолго
Жените кои раѓаат близнаци обично се поздрави и посилни. Некои веруваат дека близнаците се еволутивна адаптација, каде најздравите од мајки одеднаш ги дуплираат гените.
6. Високите жени имаат со поголема веројатност за близнаци
Едно истражување на медицинскиот центар во Лонг Ајленд вели дека повисоките жени имаат повеќе фактор на раст сличен на инсулин (IGF) – протеин кој ја зголемува шансата за овулација кај жената. Колку повеќе „IGF“ има жената, толку е поголема можноста дека ќе забремени со близнаци. Друго истражување покажа дека жените кои родиле близнаци се во просек 2,5 см. повисоки од другите мајки.
7. Жените кои јадат многу млечни производи, исто така, имаат поголема веројатност за близнаци
Една студија во списанието за репродуктивна медицина ја споредувала стапката на наталитет на близнаци кај невегетаријански и вегетаријански мајки. Оние кои конзумирале млечни производи имале 5 пати поголема веројатност да имаат близнаци. Кравите, како и луѓето, исто така, произведуваат „IGF“ и го испуштаат во млекото.
8. Близнаците комуницираат едни со други во утробата
9. Близнаците кои имаат идентична меѓусебна рефлексија се нарекуваат „Огледало“ близнаци.
10. Некои сијамски близнаци можат меѓусебно да си ги чујат мислите и да гледаат со очите на другиот.
11. Телото на мајката се прилагодува на близнаците
Градите на една мајка ќе се загреат или изладат за регулирање на температурата кога бебето е на нејзините гради. Кога мајката има близнаци, секоја дојка може самостојно да ја приспособи температурата за секое од децата.
12. Еден од најлесните начини за разликување на идентични близнаци е папокот.
13. Една жена има поголеми шанси за близнаци, доколку веќе родила близнаци, самата е близначка или пак има блиски роднини кои се близнаци.
14. Идентичните близнаци немаат идентични отпечатоци на прстите
15. Леворакоста е 2 пати почеста појава кај близнаците во однос на останатите.
16. Близнаците можат да се родат во различно време. Рекордот е 87 дена разлика.
17. Идентичните близнаци можат да бидат фантастични криминалци. Ако ги тргнеме на страна отпечатоците, 99,99% од нивната ДНК е идентична.
18. Речиси половина од близнаците измислуваат свои автономни јазици кои само тие можат да ги разберат.