Мали замрзнати фосили откриваат застрашувачка тајна за Антарктикот

Научниците мислат дека решиле можеби една од најдолгите мистерии за Антарктикот, но откритието не е добро за иднината на овој континент покриен со мраз.

Во центарот на мистеријата се наоѓа група фосилизирани останки од мали едноклеточни алги наречени диатомеи. Како овие миктоскопски морски организми дошле таму каде што се наоѓаат денес – на возвишените врвови на Трансантарктичките планини, е извор на научни дебати повеќе од 30 години.

Сега, благодарение на нов компјутерски модел, научниците од САД откриле докази кои сугерираат дека диатомеите го пронашле својот дом на висока надморска височина како резултат на значително повлекување на глечерите. А ако тоа веќе се случило еднаш, може да се случи повторно.

Претходно, постоеле две главни хипотези за тоа како диатомеите се нашле на волку голема надморска височина. Првата хипотеза е дека патувале како што глечерите се уривале за време на античкиот премин од потопла во постудена клима, а втората е дека ги пренесувале ветровите.

Ова е особено важно поради тоа што овие две хипотези имаат спротивни ставови за тоа дали Источниот антарктички гребен се распаднал за време на Плиоценот кој траел пред 5,3 – 2,6 милиони години, кога нашата планета била околу 2 или 3 степени потопла од сега.

Ако првата хипотеза е точна, тогаш огромните ледени гребени на Антарктикот би можеле да преживеат остар пораст на температурите, а доколку втората хипотеза е точна, тоа би било помалку веројатно, со оглед на однесувањето на нашата планета во минатото.

Новиот компјутерски модел всушност покажува дека и двете хипотези се делумно точни, односно дека и движењето на глечерите и силните ветрови придонеле за разнесувањето на диатомеите.

Што се однесува до движењето на глечерите, тоа е лоша вест, бидејќи ако Источниот антарктички гребен е толку нестабилен како што покажува овој модел, тоа значи дека не очекува значително зголемување на морското ниво во иднина.

Она што е важно кај ваквите истражувања е фактот дека како што се повлекува мразот, се зголемува нивото на морето, а со тоа се загрозува населението кое живее во близина на крајбрежјето.

Научниците велат дека може да се намали обемот на сето ова преку намалување на емисиите на јаглерод диоксид, што би го забавило зголемувањето на морското ниво до некое одржливо ниво, иако сега веќе е невозможно целосно да се запре.

Алтернативата е незамислива. Дали навистина сакате да чекаме додека никој повеќе нема да може да го негира?

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: