Мандарини – извор на здравје и убавина

СПОДЕЛИ

Ова вкусно и сочно портокалово овошје е всушност толку моќно што може секој од нас да го расположи. А како и не би го направило тоа кога е толку многу здраво!

Мандарините се и толку многу вкусни што речиси и да не постои некој на овој свет кој што не ги сака. Меѓутоа, дали знаете дека тие за нашиот организам претставуваат нешто многу повеќе од само вкусен десерт?

Мандарините го намалуваат ризикот за добивање на рак

Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини.

Во едногодишната студија во која учествувале лица кои имале вирусен хепатит, 30 од испитаниците на дневно ниво консумирале напиток кој содржел сок од мандарини. На крајот од ова истражување, ниту еден од овие испитаници не покажал знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, помеѓу 45 учесници кои не го пиеле овој пијалок, 8.9 отсто од нив развиле рак на црниот дроб.

Мандарините се одличен извор на Витамин Ц

Мандарините можат да ви дадат и до 80 отсто од потребниот дневен внос за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што “крадат” електрони од стабилните слободни радикали.

Ова предизвикува таканаречена верижна реакција, односно премин од стабилни радикали во нестабилни, што на крајот може да доведе и до телесни оштетувања како што се оштетувања на протеините и оштетување на ДНК-та. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција и да се запрат ваквите оштетувања, а тоа, меѓу останатото го зајакнува и имунитетот.

Мандарините влијаат на холестеролот

Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, а така тој лесно се наталожува на ѕидовите на артериите.

Наталожениот холестерол прави всушност крвта да започне да тече забавено во артериите, што може да го зголеми ризикот за добивање на зголемен крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб.

Мандарините ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Мандарините се голем извор на диететски влакна, дури 3 грама влакна на 100 грама производ. Редовното внесување на влакна помага да чувствуваме ситост, а според истражувањата, на децата и на возрасните им е потребно да внесат околу 20 грама влакна дневно.

Меѓутоа, можеби би требало да внесувате и малку повеќе, завосно од количеството на калории кои ги консумирате. На пример, мажите и тинејџерите можеби би требало да внесат околу 30 до 35 грама влакна дневно.

Во соработка со: Gostivarpress.mk

Дискусија

Коментари