Машинскиот факултет во Скопје „Хакиран“ во опасност 5000 „машинци“

Лични податоци на 4.793 студенти од Машинскиот и други државни и приватни факултети се испратени на електронските пошти на стотина студенти од Машински факултет (УКИМ), преку неговите официјални мејлови.

Дата базата содржи број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, мејл и лозинка за мејлот, што е спротивно на Законот за лични податоци.

Деканот на факултетот е Дарко Данев.

Тој вели дека веднаш откако преку „Радио МОФ“ дознале за случајот, преземале мерки за да се спречи дополнително ширење на податоци.

Darko Danev 2До овој момент ги преземавме сите мерки за да биде спречено евентуално понатамошно ширење на податоци од секаков вид, а тоа значи дека дел од серверите и дел од ИТ опремата со која располага Машинскиот факултет се исклучени. Остварен е контакт со Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), а првиот работен ден, од наша страна ќе биде доставено и официјално барање до Дирекцијата за вршење вонреден контролен надзор, со што ќе се расветлат причините за настанатата состојба. Исто како и вие со нетрпение ги очекуваме наодите од Дирекцијата“, изјавил Данев за „Радио МОФ“.

ЕНаука.мк преку членови од нејзиниот тим го поседува фајлот доставен од страна на официјалниот мејл на Машинскиот Факултет во Скопје и во текот на денот се обиде да испрати официјален мејл до деканот на Машинскиот Факултет во Скопје и да укаже на итната потреба од реакција на администрацијата на факултетот која има обврска да ги извести сите поранешни и сегашни студенти од списокот дека нивните лични информации се доведени во опасност и можат да бидат мета на хакерски упади и да се достави препорака за промена на сите свои поранешни лозинки и нивни пермутации, нешто што факултетот се’ уште го нема направено.

Мејлот на деканот на факултетот не беше достапен и ни се врати назад, ова е најверојатно поради тоа што нивните сервери се’ уште се исклучени.

Поради тоа, а со цел да се информираат сите поранешни и сегашни студенти на машинскиот факултет ВЕ МОЛИМЕ ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ИНФОРМАЦИЈАТА!

Еве како изгледа мејлот испратен од официјалниот мејл на факултетот :

mejl masinski

 

 

Поддржете ја нашата работа: