Масивна соларна бура би ја уништила сета наша модерна технологија

Како што нашиот свет станува се’ повеќе зависен од електрониката, човештвото како да заборава на потенцијалните опасности од соларните бури на нашата нова инфраструктура.

Да се навратиме на неколку примери кои ни покажуваат како соларните бури може значително да го нарушат секојдневниот живот.

Во 2005 година, Х-зраците од сончев блесок ја нарушија комуникацијата на сателитите со земјата и GPS системите во период од околу 10 минути, што претставуваше закана за воздушниот, морскиот и копнениот сообраќај кој е предводен од сателитите.

Но, тоа не е ни приближно страшно како соларната бура од 1859 година позната како Настанот Карингтон (анг. the Carrington Event) кога коронални експлозии (исфрлање на коронална маса од Сонцето) ја погодија магнетосферата на Земјата и предизвикаа една од најголемите геомагнетни бури досега.

Истражувањата покажале дека доколку ваква соларна бура се случи денес, тоа ќе ја загрози глобалната телекомуникациска мрежа, ќе предизвика колапс на сателитите и ќе претставува закана по животот на астронаутите.

Светот би требало да се справи со истовремена загуба на GPS, прием на мобилна телефонија и голем дел од електричната мрежа. Авионите би требало да се координираат и да слетаат без сателитски насоки, а незаштитената електронска инфраструктура би можела веднаш да откаже. Луѓето во вселената исто така ќе бидат во опасност и ќе имаат само неколку минути за да се заштитат од енергетските соларни честички.

Тоа значи дека соларна бура со ваква магнитуда би предизвикала повеќе штета во денешното општество зависно од технологија.

Со денешната технологија и секојдневно мониторирање на Сонцето, би имале соодветно предупредување, но дури и со брзината на светлината, за еден масивен соларен бран на радијација би имале само неколку минити или (ако имаме среќа) еден ден за да се подготвиме за тоа огромно количество на наелектризирани честички од вселената.

Во 2012 имаше соларна бура со слична магнитуда, но за среќа помина покрај орбитата на Земјата, без да ја погоди планетата.

solar-storm-506892

Најдобрите проценки сугерираат дека еден современ Настан Карингтон би го чинел човештвото неверојатни 1 до 2 трилиони долари во текот на првата година, а би биле потребни од 4 до 7 години за целосно опоравување. Само штетата на сателитите би чинела од 30 до 70 милијарди долари.

За среќа, ваквите настани се прилично ретки и се случуваат можеби еднаш во 500 години. Но, не можеме со сигурност да предвидиме кога би се случил следниот.

Извор: „ Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: