Месечарите не чувствуваат болка додека месечарат

Едно истражување поврзано со месечарењето покажало интересен парадокс. Иако кај месечарите постои зголемен ризик од појава на главобоки и мигрени додека се будни, за време на месечарењето тие ретко чувствуваат болка, дури и при сериозни повреди.

Резултатите покажале 4 пати почеста појава на главоболки и 10 пати почести мигрени кај месечарите отколку кај контролната група. Помеѓу месечарите кои имале барем една епизода на месечарење во која доживеале повреда, 79 проценти не почувствувале болка и останале заспани и покрај тоа што биле повредени.

Во истражувањето учетвувале 100 лица со дијагностицирана состојба на месечарење, од кои 55 мажи и 45 жени и контролна група од 100 здрави лица.

47 од месечарите изјавиле дека имале барем една повреда во тек на месечарењето. Само 10 од нив изјавиле дека веднаш се разбудиле како последица на болката, додека останатите 37 не почувствувале никаква болка за време на месечарењето, но почувствувале болка подоцна во ноќта или сабајлето.

На пример, еден пациент се здобил со сериозни фрактури откако скокнал од прозор од трети кат додека месечарел, но не почувствувал болка сѐ додека не се разбудил подоцна во текот на ноќта. Друг пациент, додека месечарел се качил на кровот од неговата куќа и паднал, при што ја скршил ногата, но не се разбудил се до утрото.

Ова е прво истражување што се фокусира на искуствата во врска со болката кај месечарите. Овие резултти може да бидат од помош подобро да се разбере механизмот на месечарењето –велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: