Meтаболички Синдром – тивок убиец

Епидемијата на дебелина во Америка, но во последниве години и кај нас, продолжува да го зема здравствениот данок кај популацијата и го прави телото подложно на нов тивок убиец – Метаболичкиот Синдром.

Порано познато како мистериозен „Синдром X”, ова нарушување стана многу честа појава, опфаќа околу 34% од возрасните, растејќи паралелно со дебелината. Прекумерната тежина и гојазноста може да предизвикаат појава на метаболичкиот синдром, но кои се корените и кој е изложен на ризик?

Метаболички Синдром: Кластер на состојби 

Откриен пред помалку од 20 години, синдромот е класифициран како сет на патологии кои вклучуваат висок крвен притисок, висок крвен шеќер, високи триглицериди, низок HDL холестерол и гојазност. Овие патологии имаат тенденција да одат рака под рака со растот на дебелината, која на крајот може да доведе до дијабетес и хипертензија, односно метаболички синдром. Оние со најмалку три од овие пет фактори на ризик може да бидат дијагностицирани со метаболички синдром од нивниот доктор. Оваа низа на состојби го зголемува ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми кои може да станат смртоносни.

Metabolic-Syndrome1Метаболичкиот синдром е збир на фактори на ризик, наместо една болест, па според тоа има неколку различни причини. Прекумерната тежина и дебелината, неактивниот начин на живот и инсулинска резистенција се меѓу причините кои може да се контролираат во споредба со стареењето и генетиката.

Овие фактори на ризик се многу честа појава во нашето општество денес.

Превенција на Метаболичкиот Синдром

Факторите како што се дебелината, возраста, дијабетесот и латинското и азиското потекло се поврзани со зголемен ризик од нарушувањето, но тие можат да се контролираат со правилна исхрана и вежбање. Ова може да се подобри со јадење помалку шеќер и повеќе растителни влакна.

Д-р Нитун Верма, лекар и ко-основач на „PeerWell“, компанија која ја третира хроничната болест преку смартфон апликација, нагласува дека контролата е клучна. Намалувањето на шеќерот знае да биде напорно, но по неколку дена гладта и апетитот се намалуваат и станува полесно. Редовното интензивно вежбање е исто така корисно”.

health-fresh-food-exercise-key-perfect-health_w654Истражување од 2005 година, објавено во списанието „Annals of Internal Medicine“, пронајде дека промените во животниот стил може да бидат ефикасни во спречувањето на метаболичкиот синдром. Вежбањето и правилната исхрана ги намалува шансите за развој на синдромот за 50%, посебно кај лицата со оштена толеранција на глукоза – состојба пред дијабетес.

Зголемувањето на телесната тежина и физичката неактивност во раното детство, може да ги зголеми шансите за метаболички синдром. Ова е причината зошто е императив да се превенира дебелината и сите нејзини нус појави уште од почеток.

Бидете сигурни дека вашите деца се физички активни и не јадат храна од кутија секој ден.

За гојазните возрасни, губењето на 10% од телесната тежина може да помогне во намалување на триглицеридите, да го зголеми HDL холестеролот, да ги намали крвниот притисок и шеќерот.

Поддржете ја нашата работа: