Метален прав како гориво

Истражувачите од Универзитетот МекГил сугерираат дека горивото од метален прав може да биде ефикасна замена за фосилните горива што се користат денеска, со што во исто време ќе се намали емисијата на СО2.

Според професорот Џефри Бергторсон, порастот на обновливите извори на енергија е за пофалба, но тие решаваат само дел од проблемот. Ниту соларната, ниту ветерната енергија не можат да обезбедат доволно енергија за да може да се вози еден автомобил, а да не зборуваме за поголемите превозни средства. До одреден степен, батериите можат да ја пополнат оваа празнина, но напредокот на батериите едноставно не се одвива толку брзо за да може да ги задоволи потребите. Табелата подолу покажува дека енергетската густината на батериите се зголемува за околу 3% годишно од 1910 година.

2515

Бидејќи не се очекува брз напредок во технологијата на литиум-јонските батерии, потребно е нешто ново. Можеби, гориво од метален прав.

За разлика од литиум-јонските батерии кои имаат многу ниска енергетска густина, независно дали се мери по тежина или волумен, енергетската густина на металниот прав по литар ги надминува сите конвенционални горива. Зрната прашина во овој случај се многу ситни, приближно еднакви на брашно, а самите мотори би се засновале на надворешно согорување во мотор со внатрешно согорување. Теоретски, моторите на метален прав би имале значително подобро влијание за животната средина во споредба со фосилните горива. Самиот метал би можел потенцијално да се рециклира (сликата подолу е од 2005 година, но го прикажува теоретскиот процес на рециклирање).

Во својот извештај, истражувачите наведуваат дека „енергетската густина на моторите со гориво од метален прав се предвидува да биде многу блиска со сегашните мотори со внатрешно согорување кои користат фосилни горива“.  

2515f

Покрај реалниот потенцијал на металниот прав, постјат неколку значителни пречки кои истражувачите не ги посочуваат. Првиот проблем е тоа што иако металниот прав е прилично ефикасен кога се работи за специфичната енергија по литар, тој воопшто не може да се споредува со специфичната енергија по килограм. Ова особено важи за железото, што најчесто се споменува како извор за гориво поради неговата голема застапеност и ниска цена. Другите метали, како алуминиумот, се извонредно експлозивни во прашкаста форма и не се погодни за стабилно согорување.

Друг проблем што би произлегол од употребата на метален прав како примарно гориво би била потребата од огромни инвестиции во тешка рударска опрема, кои со својата работа би продуцирале СО2. Истражувачите не го третираат ова прашање, единствено напоменуваат дека „со воведување на нови технологии би можеле да се избегнат емисиите на јаглероден диоксид што се поврзани со традиционалното производство на железо при што се користи јаглен“.

Со други зборови ова би значело „никој сѐ уште не знае како да го изведе ова на начин што ќе биде  прифатлив“. Сличен проблем се јавува и кај водородните горива. Иако водородот теоретски може да се продуцира преку електролиза на водата со помош на енергија добиена од обновливи извори, тоа не е ни оддалеку исплатливо. Водородот што се користи како гориво во возилата денеска, иако малку, типично се произведува преку реформирање на природниот гас што дефинитвно значи и продукција на СО2.

Металниот прав има некои интересни предности и може да биде алтернатива во некои случаи, но засега тешко може да се замисли како серизен кандидат. Впрочем и „Џенерал Моторс“ еднаш демонстрираше (и самоуверено предвиде) дека возилата ќе се движат на јаглен во прав или дури и на течен јаглен до крајот на веков.

Поддржете ја нашата работа: