Минијатурен робот кој скока по вода

Научниците од Јужна Кореа и САД развија мал робот кој може да скока на вода, по моделот на една фамилија на водни инсекти.

Роботската верзија ја користи истата сила за да се одбие од површината на водата, без да ја наруши, при што силата никогаш не го надминува површинскиот притисок на водата што всушност ги држи водените молекули заедно.

За да ја истражат таа способност кај инсектите, научниците собрале неколку и ги снимале во лабораторија. Откриле дека инсектите се креваат нагоре, а водената површина ја туркаат надолу. Така решиле да го применат тоа кај роботот. Покрај тоа, роботите -и инсектите, ги ротираат своите нозе навнатре за да го зголемат времето на интеракција помеѓу нозете и водата.

 


Научниците велат дека овие минијатурни роботи може да се применат за да го следат загадувањето на водите, но истакнуваат дека нивната цел не била да го комерцијализираат, туку да откријат нова можност за движење на вода.

Истражувањето е објавено во „Science“.

enauka.mk
9,239наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.