Минијатурно ремек-дело на еволуцијата

Никој не ни знаеше дека постојат овие пигмејски морски коњчиња се додека морскиот биолог Џорџ Барџибант не ги откри случајно. Тој ги проучувал горгонските корали во океаните и налетал на мало морско коњче кое личело на парче корал. Оттогаш, видот го носи неговото име – „Hippocampus bargibanti“.

Овие морски коњчиња се многу мали, околу 1-2 см. Целиот свој живот го поминуваат во еден израсток од коралите и како што може да забележите тие се извонредно добро камуфлирани. Првиот вид бил откриен во 1960-тите години, а потоа не бил пронајден ниту еден нов вид се до 2000 година. По 2000-тата година, откриени се дури неколку видови од страна на нуркачите во тропскиот Индо-Пацифички регион.

Но, нека не ве залажува нивниот симпатичен изглед. Пигмејските морски коњчиња се скриени предатори. Се хранат со планктони и мали ракчиња кои се исклучително тешки за фаќање бидејќи може да се движат со огромна брзина. Пигмејските морски коњчиња им се прикрадуваат до милиметар пред да ги нападнат, со што тие немаат време да избегаат.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt