(ФОТО) 20 Неверојатни примери на камуфлажа кај животните

Опстанокот може да биде тешка задача за животните во дивината, особено ако се помали и поспори од можните грабливци. Од оваа причина многу животни во текот на еволуцијата развиле разни начини како да се камуфлираат. Начинот на камуфлажа главно зависи од три фактори: физиологијата и однесувањето на животното, однесувањето на предаторот и околината во која животното живее и се храни. Еден од најчестите начини е животното да се „спои“ со околината.

Природната селекција и тука има своја улога, бидејќи начинот на кој животното се камуфлира е генетски детерминирано и секоја нова генерција поуспешно се адаптира на својата околина. Обично животното ги имитира боите од своето природно опкружување, иако е познато дека многу животни имаат способност да го подесуваат својот колорит. Најпознат пример за тоа е камелеонот, но и некои крзнени животни и птици можат  комплетно да го изгубат крзното и пердувите и да го заменат со ново следната сезона.

Изненадувачки, но понекогаш најдобар начин за животните да се камуфлираат е да се движат заедно во поголема група. На пример, кога лавот ќе помине покрај стадо од зебри тој забележува само голема „штрафтеста“ маса. Неки риби кои имаат вертикални пруги, поединечно лесно се забележуваат, но кога пливаат во големо јато, предаторот ги гледа само како голем шарен меур.

Погледнете 20 извонредни примери на животинска камуфлажа. Може ли да ги најдете сите животни?

1Був

2Геко (гуштер)

3Бела патка

4Крастави жаби

5Гасеница

6Морско коњче

7Пајак

8Гасеница

9Инсект- стапче

10Жаба

11Був

12Инсект – ливче

13Геко – гуштер со опаш во вид на лист

14Риба

15Птица

16Снежен леопард

17Скакулец

18Був

19Жирафа

20Еж