Може ли да се забремени од пред-семената течност?

Предејакулатот, исто така познат како пред-семена течност или Куперова течност, претставува течност која се ослободува од страна на двете мали Куперови жлезди кои се наоѓаат по должината на машкиот репродуктивен/уринарен тракт. Течноста е бистра и обично се забележува на врвот на пенисот за време на ерекција, иако ова не е случај кај сите луѓе. Целта на оваа течност е да помогне во неутрализирањето на киселата средина на мочниот канал и исто така, да ги заштити сперматозоидите кои патуваат преку него.

Пред-семената течност не содржи никаква сперма, што значи дека не може да забремените од самата течност. Меѓутоа, доколку има останато сперма во уретрата од претходната ејакулација, таа може да дојде во контакт со течноста. Останатата сперма излегува на врвот на пенисот при возбуда, со што некои сперматозоиди може да се пренесат од оваа течност во телото на партнерот.

Во ваков случај, пред-семената течност и незаштитениот вагинален секс може да доведат до бременост. Откако спермата од предејакулатот ќе навлезе во вагината, може да ја оплоди јајце клетката, дури и доколку мажот се повлече пред самата ејакулација. „Шансата за забременување од пред-семената течност е многу помала отколку од спремата, но сепак тоа е можно да се случи“ – изјавуваат од организацијата „Planned Parenthood“.

Едно истражување од 2011-тата година покажало дека примероците од предејакулатот може да содржат подвижни сперматозоиди. Од вкупно 27 машки учесници, 11 имале пред-семена течност која содржела спрематозоиди. Во 10 од овие случаи, разумент процент од сперматозоидите биле подвижни. Па,затоа треба да се продолжи со користењето на кондом при сексуален контакт.

Значи, може ли да се забремени од пред-семената течност? Одговорот е да, но ретко.

Поддржете ја нашата работа: