Можеби нема веќе да пробате јагоди

Годишниот извештај подготвен од страна на работната група за животна средина (EWG) покажа дека речиси 70 проценти од примероците на 48 видови конвенционално растени производи се контаминирани со дебел слој на пестициди, пишува CNN. Сепак, тоа е пониска стапка за 6,6 отсто во споредба со минатата година во САД.

EWG водичот за купување на производи без пестициди, објавен во средата, оценува загадување со пестициди кај овошјето и зеленчукот во повеќе од 36.000 примероци, а се тестирани од страна на Американското Министерство за земјоделство. Оваа година, јагодите се најдоа на прво место во листата на производи со највисока концентрација на пестициди, додека пченката и авокадото се оценети како растенија со најмалку пестициди.

Производите кои се покажале позитивни на разни видови пестициди и содржеле повеќе пестициди количински од останатите намирници кои биле на попис, во Америка се познати како Dirty dozen (дванаесетте валкани). Почнувајќи со најголем износ на депозит пестициди, на листата се јагодите, спанаќот, нектарините, јаболката, праските, целерот, грозјето, крушите, црешите, доматите, пиперките и компирите.

Јагодите се најдоа први на листата со најмалку 20 пестициди, додека спанаќот се искачи на второто место со двојно повеќе пестициди од било која друга култура. Луѓето јадат речиси 3,6 кг. свежи јагоди по лице годишно, па дури и кога се мијат пред јадење и натаму се заразени со пестициди.

Производите кои имаат релативно малку пестициди и пониска тотална концентрација на талог од хемикалии припаѓаат на групата Clean Fifteen’ (Петнаесетте чисти) на пописот. Пописот по ред ги вклучува пченката, авокадото, зелката, кромидот, грашокот, папаја, аспарагус, манго, патлиџан, лубеница, киви, диња, карфиол и грејпфрут.

Само еден отсто од примероците покажале видливи траги од пестициди на авокадото и пченката, па затоа се прогласени за најчисти намирници. Повеќе од 80 отсто од авокадото, папајата, аспарагусот, кромидот и зелката од кои биле земени примроци не покажале траги од пестициди.

 

Поддржете ја нашата работа: