На Шпицбершките острови отворена подземна библиотека

На островот Свалбард, Норешка, отворена е “Doomsday Vault” подземна библиотека во која, во дигитална форма ќе се чуваат најважните книги на светот. На таков начин книгите ќе бидат заштитени од екстремни климатски услови, па дури и од нуклеарни војни.

Оваа ризница уште се нарекува и World Arctic Arhive и не наоѓа на Свалбард, каде веќе е отворен Global Seed Vault – во него се наоѓаат колекции на семиња кои би можеле да му помогнат на човештвото да преживее во случај на снемување храна.

Книгите ќе се чуваат со помош на напредна технологија која е создадена од страна на компанијата Piql. Податоците че се чуваат во облик на филм, а не нахард дискови. Оваа компанија, со помош на фондовите од ЕУ и Советот за истражување на Норвешка направила многу истражувања со цел да се утврди квалитетот на филмот и дали тој е добар медиум за складирање на податоци. Од компанијата велат дека со помош на ваквата технологија податоците можат да се чуваат и повеќе од 1000 години.

Филмот ќе се наоѓа во длабок ров под името Mine 3 замрзнат во пермафрост со цел постигнување еднаква температура.

Подрачјето Свалбард е безбедно за чување на вредни книги, бидејќи тој архипелаг во договорот кој беше потпишан од страна на 42 земји во 1920 година, дојде под власт на Норвешка.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.