Во Норвешка ќе се возат само електрични возила

View of an electric car charging the battery, during the celebration of a fair of alternative energies in Madrid, Spain. (Photo by Cristina Arias/Cover/Getty Images)

Норвешка планира до 2025 година сите возила на нивните улици да бидат електрични. Иако изгледа прилично амбициозно, државата е на добар пат ова да го оствари, бидејќи 37 проценти од автомобилите на норвешките патишта се на електричен погон.

Компаниите и жителите во Норвешка се стимулираат да купуваат електрични возила преку даночни олеснувања  и други бенифиции како користење на лентата за јавниот превоз, бесплатно паркирање во градските центри и ослободување од плаќање на патарина.

Од друга страна, автомобилите со конвенционални мотори кои загадуваат дополнително се оданочуваат, па цената на овие возила практично е изедначена со цената на електричните.

Иако постепено ќе дојде до измена на системот за субвенционирање, се очекува дека пазарот со елекрични автомобили во меѓувреме ќе се развие, па норвешките власти веруваат дека целта, до 2025 година да се продаваат исклучиво еколошки прифатливи возила е возможно да се оствари.

На карајот на 2016 година на патиштата во Норвешка имало околу 100.000 возила на струја, а до 2020 тој број ќе порасне на 250.000. Се планира исто така со порастот на продажбата де се унапреди и инфраструктурата, така што до крајот на деценијата, на секои 10 електроавтомобили би требало да има по еден јавен полнач – вкупно 25.000.

Поддржете ја нашата работа: