Норвешка ја заврши конструкциската рамка на највисокиот облакодер во светот кој притоа ќе биде еколошки прифатлив и отпорен на оган.
Античкиот облакодер Мјос ќе се гради во близина на истоименото езеро што се наоѓа на околу 100 километри северно од Осло.
Изградениот облакодер ќе биде висок 85,4 метри и ќе има 18 спратови.
Инвеститорите велат дека со користење на дрво може да се намали застапеноста на јаглероден диоксид бидејќи е обновлив материјал, за разлика од бетонот, кој е основен материјал на станбените згради во градот.
“Градбата од дрво ни помага да дишеме во подобар свет. Овој проект го започнав бидејќи бев инспириран од Прискиот климатски договор”, – вели претприемачот Артур Бухард.
Градежните работници велат дека зградата ќе биде отпорна на оган, бидејќи дрвото е ламинирано и обработено, а може да изгори единствено доколку константно е изложено на оган.
Мјос ќе содржи станови, затворен базен, хотел, канцеларии, ресторан и заедничка просторија.



























