Ова е еден од најдобрите каталози на нашата галаксија Млечен Пат коишто некогаш се направени, со повеќе од милијарда ѕвезди и небесни тела содржани во само една слика, направена од сателитот „Gaia“ на Европската вселенска агенција.
Оваа слика ја посочува точната позиција и светлина на 1142 милиони ѕвезди, што претставува чекор напред кон создавањето на детална 3Д мапа на Млечниот Пат.
Кривите и потемните линии се последица од процедурата на скенирање, а почиста снимка ќе добиеме како што сателитот се приближува кон својата пет-годишна мисија.
„Ова е всушност само првиот впечаток од извонредните податоци кои не очекуваат и кои ќе го револуционизираат нашето разбирање за тоа како ѕвездите се распределени и како се движат низ нашата галаксија“, изјави директорот на наука Алваро Гименес во соопштението за печатот.
На следниов линк може да видите уште една верзија со обележани галактички објекти.