Најинтересните изуми за 2018 година

Погледнете колку необични изуми се појавија оваа година. Некои од нив го оживеаа она што претходно го имаме гледано во само во футуристички филмови:

Роботско куче

Ова роботско куче од Boston Dynamics оди по скали, камења и снег. Најверојатно ве потсетува на епизода од серијата Black Mirror. Составен е од камери, жироскоп и брзиномер. Хардверски и софтверски е надоградлив за да се приспособи на разни задачи.

Летечки робот

Овој хуманоиден робот може да лета 20 метри во височина, да прави салто и слетува. Вградените жироскопи и брзиномери служат за ориентација во просторот и менување на движењата при летање.

Пилула која ви јавува дака сте ја испиле

Antipsihotik Abilify има вградена технологија која им овозможува на пациентите и лекарите да дознаат дали лекот е испиен на време или не. После голтањето сензорите реагираат и поттикнуваат електричен сигнал. Сензорот во облик на фластер го фаќа тој сигнал и го испраќа на вашиот мобилен телефон како информација.

Плочник кој спречува поплави

Во Копенхаген тротоарите најчесто се поплочени со вакви климатски плочки. Материјалот од кој се изработени апсорбира 30% од влагата. Дел од водата која се собира подоцна се користи за наводнување на зелени површини.

Домашен двор кој не користи земја

Паметната домашна градина не ја користи земјата и сама создава идеални услови за засадените култури. Со апаратот доаѓаат рецепти кои одбираат точна количина вода, ѓубриво или светлина. Уредот троши околу 2% вода од количината која ја бараат класичните садници.

Куќи испечатени за 24 часа

Вакви куќи се прават за само еден ден. Се печатат со наменски 3Д печатач.

Подесување на идеална температура на вашето кафе

Ember има керамичка чаша која го загрева и лади пијалокот по ваша желба и ја одржува температурата додека во неа има енергија која ја црпи од вградениот полнач. Надворешниот слој е керамички, а под него има нерѓосувачки челик, термометри и елекроника која се напојува со батерија на нејзиното дно. Температурата се подесува на мобилна апликација.

 

Поддржете ја нашата работа: