Куќа изградена со 3Д принтер за само 24 часа

Американската компанија Апис Кор (Apis Cor) произведува големи 3Д принери кои можат  да печетат бетонски структури за изградба на згради и куќи, а сега за прв пат со еден таков принтер испечатиле цела куќа.

Слична технологоја за 3Д печатење на бетонски градби веќе постојат, но ова е прв пат такво нешто да се изведува со мобилен 3Д принтер кој овој потфат може да го изведе на самото градилиште. До сега  се печатеа конструкциските делови и се пренесуваа на градилиштето, или се работеше за тест куќи печатени во фабриките.

Куќата за која овде станува збор е изградена  во Русија, при многу ниски температури, па околу градилиштето бил поставен заштитен шатор. Целата градба, со површина од 38 метри квадратни, принтерот ја  испечалил за 24 часа. Куќата има необична, округла форма, за да се покаже можноста на технологијата, но со истиот принтер може да се печатат и куќи со класична и било каква друга форма без никакви ограничувања.

Овој проект е дополнително интересен и поради неговата цена. Самото 3д печатење на бетонските ѕидови чини 1.624 долари, а целиот проект со темелите, кровот, инсталацијата, столаријата и завршните работи само 10.134 долари, односно нешто над 250 долари по квадратен метар.

Технолошките детали може да ги погледнете во видеото подолу.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt