Оваа риба содржи екстремно болен и потенцијално смртоносен отров во секоја од нејзините 13 грбни боцки. Се работи за камената риба (Stonefish) која е најотровната риба во светот.
Камената риба достигнува просечна должина од 30 до 40 см. и тежина до 2 кг. Научниците не знаат многу за начинот на кој отровот делува, но познато е дека делува на кардиоваскуларниот и невро-мускулниот систем. За среќа, постои противотров кој го намалува ризикот од смрт, но не и агонизирачката болка. Еве 5 интересни факти за оваа риба.
- Постојат пет видови на камена риба кои можат да се забележат во крајбрежните региони на Индо-Пацифичкиот Океан, од кои најверојатно најпозната е „Syanceia verrucosa“.
- Камената риба не го убива својот плен со боцките. Боцките се опасни само ако се нагазат. Рибата лови со помош на својата брзина и брз напад, кој може да трае само 0,015 секунди.
- Таа неверојатно добро се камуфлира и личи на камен, односно карпа, или на грутка корали, по што всушност и го добила и своето име.
- Камената риба не напаѓа и го користи отровот како одбранбен механизам против предаторите и луѓето кои случајно ќе ја нагазат.
- Може да преживее до 24 часа надвор од вода, што е ретка особина кај рибите.
Иако изгледаат злобно и грдо, нивните боцки не делуваат толку страшни се додека не видите што се крие под нив. Погледнете како овие риби го исфрлаат отровот!
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























