Најстариот бонг на светот

Бонгот е најверојатно најпопуларниот и најомилениот уред за конзумирање на канабис во историјата на човекот.

Овие слики ги објавил корисник на „reddit“ кој вели дека го пронашол најстариот бонг на светот. Но, подоцна се испоставило дека се работи за копија на бонг кој потекнува од 18 век. Дали можеби тој бил првиот бонг на светот? Според „DabsMag“ одговорот е не!

Научниците откриле дека најстариот пишан запис за користење на бонг потекнува од 16 век, од династијата Минг во Кина, која била главен центар за канабис во тоа време. Со оглед на тоа што бонгот работи слично на наргилето, многумина сметаат дека потекнува од Азија, но според археологот Домбровски, бонгот всушност бил измислен во Африка. Иако никогаш не било документирано, слични цевки и уреди се пронајдени во Етиопија и во други делови од источна и централна Африка, кои датираат помеѓу 1100 и 1400 година.

Претходните истражувања на африканските уреди за пушење претпоставувале дека цевките за пушење започнале да се користат во западниот брег на Африка кога тутунот пристигнал на континентот. Но оваа теорија е погрешна за африканските култури на исток и југ кои изготвувале апарати за пушење уште пред да пристигне тутунот, бидејќи тие пушеле канабис. Не можеме да бидеме сигурни кога канабисот пристигнал во Африка, но археолозите веруваат дека Африканците пушеле канабис долго време пред да почнат да пушат тутун и долго време пред Кинезите да го евидентираат тоа. Според тоа, ова е сепак интересен историски пронајдок, иако се работи за копија.

Поддржете ја нашата работа: