На шведската планина Кебнекаисе глечерот толку се стопи на летните температури, што веќе не е највисокиот врв во земјата.
„Овој глечер е симбол на сите глечери во светот. Целата околина се топи, снегот се топи и влијае на целиот екосистем: растенија, животни, клима“, вели Gunhild Ninis Rosqvist професор по географија на Универзитетот во Стокхолм.
Кебнекаисе е популарна туристичка дестинација во северниот дел на Шведска и се состои од северен кој е карпест и јужен врв кој е покриен со лед. Јужниот врв минатиот месец изгуби четири метри снег.
Кон почетокот на неделата, јужниот врв се издигаше на 2.097 метри, што значи беше повисок само 20 сантиметри од северниот.
Во Шведска, во јули се регистрирани рекордно високи температури.
Јужниот врв инаку губи секоја година просечно по еден метар во висина во последните неколку децении.