Направи сам – Летечка столица

Оваа летечка машина не би можела да се нарече дрон, бидејќи има пилот внатре, но сепак  осумте мали ротори, едноставната отворена конструкција и вертиканото полетување укажуваат дека е инспирирана од дроновите.

Швеѓанецот, кој стои позади „Youtube“ каналот “amazingdiyprojects”, за себе си изработил платформа со осум мотори што може да лета – како оваа што се гледа подолу.

manned-multirotor-flight-sweden-12

Изработката и усовршувањето на леталото може да се видат во видео серијал кој засега има 12 делови.

И досега имаме видено вакви мултикоптери, направени да пренесуваат луѓе кои се едвај функционални – како тој со 16 ротори , или друг уште постабилен со 54 ротори. Па како и успева на оваа летечка столица да полета со 8 ротори? Другите слични летала користат електрични мотори кои се едноставни и релативно послаби. За разлика од другите, оваа летечка столица користи мотори со внатрешно согорување. Тие се бучни, ефикасни и моќни и создаваат импресивна летечка какафонија.

Погледнете подолу:

Извор: „Popular science“.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.