Нараквица за детектирање дрога во пијачките

Според Урлих Мерилд, кој ја дизајнирал нараквицата со поддршка од Институтот Александра, прототипот ќе биде готов наскоро. Нараквицата што се нарекува „DrugStop“, ќе добива информации за сите нови дроги што ќе се појават на пазарот преку УСБ конекција.

„DrugStop“ ќе врши тестирање за најчестите дроги преку испраќање на светлина во пијалокот. Светлината што се рефлектира назад ќе го известува корисникот дали во пијалокот има и за каква дрога се работи.

Производот ќе биде претставен како ракавица, пенкало и уред кој ќе може да се приклучи на мобилен телефон.

Компанијата планира да направи тестирање на прототипот идната година, а се надева дека во продажба ќе се најде после летото.

Во прво време, компанијата ќе се фокусира на продажба во поголемите европски градови, а потоа во САД, Јапонија и Индија.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt