Што предизвикуваат магичните печурки во телото и мозокот?

Постојат докази дека „трипот“ со магичните печурки фактички би можел да го ослободи умот.

Неколку студии, вклучувајќи и две неодамнешни клинички тестирања, укажуваат дека активната супстанција од овие печурки – псилоцибин, може да помогне да се ублажи тешката анксиозност и депресијата.

Сепак, со оглед на тоа дека овие печурки „не се прифатливи за медицински цели“ и не се легални, за научниците е прилично тешко да откријат што точно тие предизвикуваат.

Еве неколку од начините за кои е познато дека магичните печурки влијаат на мозокот:

Можат да предизвикаат да се чувствувате добро

Според Националниот институт за злоупотреба на дроги на САД, магичните печурки можат да предизвикаат чувство на релаксација, што е слично со ефектите од мали дози на марихуана. Како и другите халуциногени дроги – ЛСД и пејот, се смета дека магичните печурки ги предизвикуваат повеќето свои ефекти преку делување на невралните патишта во мозокот кои го користат невротрансмитерот серотонин.

Поконкретно, магичните печурки делуваат на префронталниот мозочен кортекс – дел од мозокот кој го регулира апстрактното размислување, анализата на мислењето и игра клучна улога во расположението и перцепцијата.

Може да предизвикаат халуцинации

they-can-also-make-you-hallucinate

На сликата: Визуелизација на мозочните конекции на лице на псилоцибин (десно) и на лице на кое му е дадено плацебо (лево).

Многу од корисниците опишуваат дека гледаат звуци или слушаат бои. Во 2014 година е направено едно од првите истражувања посветено на овој ефект, на начинот на кој псилоцибинот влијае на комуникациите во мозочните мрежи.

Кај лицата на кои им биле инјектирани 2 милиграми од оваа дрога, истражувачите забележиле нови посилни активности низ неколку региони во мозокот, кои нормално ретко или никогаш не се во ваква „вкрстена комуникација“.

Визуализацијата на она што се гледа кај лицата кои биле на оваа дрога истражувачите ја прикажуваат на сликата погоре.

Овие халуцинации може да бидат клучни да се разбере како магичните печурки можат да помогнат да се намали депресијата.

Неврологот Дејвид Нут од Кралскиот колеџ во Лондон, кој во 2012 година вршел истражување за псилоцибинот, исто така открил промени во начинот на активноста на мозокот кај луѓе под дејство на оваа дрога.

Некои региони станувале поизразени, а некои пригушени, вклучувајќи ги и мозочните региони за кои се смета дека играат улога во одржување на чувството за нас самите.

Нут смета дека кај депресивните луѓе врските помеѓу овие региони се премногу силни. Со  нивно олабавување и создавање на нови, исчезнува и депресивното размислување што доведува до интензивно олеснување.

Петгодишното истражување на оваа дрога укажува дека таа може да делува „како хируршка интервенција“ за менталните болести.

Резултатите од две контролирани клинички истражувања за ефектите на псилоцибинот кај пациенти кои патат од депресија и страв дека се соочуваат со крај на својот живот, укажуваат дека само една доза од оваа дрога би можела еден ден да биде можно средство за терапија на депресијата и анксиозноста.

Првто истражување било направено од Универзитетот Џон Хопкинс, а второто од Универзитетот Њујорк.

Шест месеци после тестирањето, 80 проценти од пациентите од Џон Хопкис покажувале значително намалување на симптомите на депресија и анксиозност при мерењата што се сметаат за златен стандард во психијатриската евалуација.

Слични резултати добиле и истражувачите од Универзитетот во Њујорк.

magic-mushrooms

Некои истражувачи сметаат дека магичните печурки можат да ја намалат анксиозноста

Истражувачите од Универзитетот во Њујорк, со цел да ги утврдат како псилоцибинот ќе делува кај болни од рак со тешка форма на анксизност, ги набљудувале ефектите на псилоцибинот кај волонтери кои добиле или доза псилоцибин или плацебо таблета.

Ник Фернадез, еден од пациентите во 2014 вели дека доживеал емоционално патување, што му помогнало да види „сила поголема од него“.

„Нешто во мене се прекрши и јас сфатив дека сите мои стравови, одбранбени механизми и несигурности, не се нешто за што треба да се грижам“- вели Фернадез за магазинот „Aeon“.

Психотерапевтот Џефри Гус од Универзитетот во Њујорк, вели дека кај многу пациенти се забележани слични резултати. „Сметаме дека тоа е дел од процесот на лекување“- вели тој за „New Yorker“.

Но, може да почувствувате и страв – додека сте под дејство на дрогата

Во повеќе случаи при ова истражување, пациентите изјавиле дека за време на „трипот“ почувствувале страв и непријатност кои траеле од неколку минути до неколку часа. Некои изјавиле дека дури подоцна почувствувале олеснување, па и ваквото искуство е многу различно кај секое лице.

Може да дојде до ширење на зениците

Зголеменото ниво на серотонин, како последица на дрогата, може да предизвика ширење на зениците

Чувството за време може да биде искривено

Според Националниот институт за злоупотреба на дроги на САД, едно од несаканите дејаства на магичните печурки е чувството дека времето е успорено.

Може да доживеете чувство како да сте „надвор од телото“

Магичните печурки може да предизвикаат доживувања кои изгледаат реално, а не се.

Овие вонтелесни доживувања, во кои кориснците може да видат друга верзија на самите себе, обично започнува 20 до 90 минути после инјектирање на дрогата и може да трае најдолго до 12 часа.

Ова доживување може да варира, во зависност количеството на дрогата, како и од личноста, расположението, па дури и од опкружувањето.

Може да ја зголеми имагинацијата

Откако научниците од Џон Хопкинс предизвикале вонтелесно доживување кај мала група волонтери, со една доза псилоцибин, учесниците изјавиле дека се почувствувале многу поотворени, поимагинативни и со поголема наклонетост кон убавото.

Кога истражувачите направиле контрола на волонтерите после една година, речиси две третини од нив изјавиле дека тоа доживување било едно од најважните искуства во нивниот живот, а скоро половината покажувале повисоки резултати во тестовите за отвореност на личноста, отколку пред земање на дрогата.

some-users-have-reported-lingering-hallucinatory-perceptions-that-may-be-linked-with-a-rare-disorder-called-hppd

Кај некои од корисниците забележана е појава на продолжени халуциногени перцепции, што може да биде поврзано со ретко заболување наречено „HPPD“.

Уште од 1960-тите, опишани се ретки случаи на т.н. постојано халуциногено нарушување на прецепцијата, каде халуцинациите продолжуваат долго време после земање на некоја халуциногена дрога – најчесто ЛСД.

Научниците сѐ уште немаат прецизна дефиниција за ова пореметување, но Џон Халперн, вонреден професор по психијатрија на Медицинската школа на Харвард и автор нанајновиот извештај за „HPPD“ – за „New Yorker“ вели:

„Се чини неизбежно“, врз основа на 20 поврзани истражувања кои датираат од 1966 година  „ дека барем неколку лица кои користеле ЛСД доживеале упорни пореметувања во перцепцијата кои наликуваат на акутна интоксикација, што не може да се припише на друг  медицински или психијатриски проблем“.

Текстот е објавен во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: