KnoNap: Салфета која ќе препознае дрога во вашиот пијалок

Секогаш вашите родители потсетуваат никогаш да не ги оставате пијалоците отворени, бидејќи дури и најблагиот човек на светот може да биде оној кој ќе го искористи моментот и ќе сипе дрога во нив.

Една студентка од Вашингтон, одлучила да го спречи искористувањето на младите жени и мажи кои без оглед на предупредувањата, ги оставаат своите пијалоци на маса или шанк, и често завршуваат под дејство на дрога. Поради тоа се ранливи, збунети, па дури и несвесни, и лесно можат да станат жртви на сексуално или друг облик насилство и искористување.

‘KnoNap’ е салфета која изгледа исто како и секоја друга, но сепак таа е “паметна”, вели Danya Sherman, студентката која ја креирала.

Инспирирана од приказната на нејзината пријателка, која била сексуално искористена, и поради илјадници други жртви, оваа студентка дошла до идеја дека може да креира салфета која може да препознае 26 до 40 најчести видови на дрога.

Оваа салфета изгледа исто како и класичната. Единствена разлика е во тоа што, доколку ставите капка од пијалок на неа, а пијалокот содржи дрога, салфетата ќе ја смени бојата, односно знае дека некој ви ставил дрога во него – пишува The Independent.

Проектот во моментов го финансира Универзитетот, додека на пролет Danya ќе отпочне кампања на Kickstarter, со цел оваа идеја да заживее низ целиот свет.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt