Сте слушнале ли за халуциогената дрога ајахуаска?

Со векови, шаманите во Амазонската прашума за време на своите ритуали го користеле халуциногениот пијалок ајахуаска, кој предизвикува визуелни и аудитивни халуцинации кои можат да бидат интензивни како ЛСД, проследени со силни напади на повраќање.

Сега, оваа дрога станува популарна насекаде во светот и го привлекува вниманието на научниците, особено поради раните истражувања кои покажуваат дека може да помогне во лечењето на депресијата и анксиозноста.

Што е ајахуаска?

Последната епизода на „AsapSCIENCE“ ни објаснува дека се работи за моќни природни состојки измешани во правилниот микс.

Повеќето луѓе мислат дека ајахуаска е само едно растение, но всушност е комбинација од две растенија – листовите на „Psychotria viridis“ и виновата лоза од „Banisteriopsis caapi“. Овие две растенија сами по себе немаат халуциогени моќи, но е познато дека листовите содржат „DMT“ – хемикалија која е слична на невротрансмитерот серотонин, како и структурно слична на соединението кое се содржи во магичните печурки, кое покажало сличен потенцијал за лечење на депресија.

Нашите ензими во стомакот обично го деактивираат „DMT“ за да не влијае на нас, но виновата лоза во ајахуаската некако ја спречува правилната работа на овие ензими и му дозволува на „DMT“ да навлезе во крвотокот и да ја премине крво-мозочната бариера, каде што започнува забавата.

Околу половина час по конзумирање на пијалокот, тој започнува да делува. Халуцинациите започнуваат по 1 час и обично траат околу 6 часа.

Она што е интересно во врска со овие халуцинации е тоа што за разлика од халуцинациите предизвикани од ЛСД и од печурките, тука луѓето се многу повеќе свесни и алармирани дека халуционираат.

Наместо да слушаат гласови, ги слушаат звуците кои ги опкружуваат, па затоа шаманите најчесто пуштаат музика за време на церемониите со ајахуаска.

Ayahuasca-preparation-and-cooking.-All-images-Wikimedia-CommonsПо ова искуство, многу луѓе изјавиле дека им се олесниле мислите и дека повеќе ја прифатиле нивната сегашна ситуација. Наместо за едноставно да „станат хај“, повеќето луѓе ја користат ајахуаската за да се помират со некои трауматични искуства од минатото и да пронајдат внатрешен мир.

Научниците се’ уште не знаат што точно се случува во нашиот мозок додека сме под дејство на ајахуаска, но знаат дека го смирува регионот во мозокот кој кога ќе се преоптовари се поврзува со појавата на депресија, анксиозност и социјална фобија – слични ефекти кои се добиваат со медитација.

Исто така, постојат некои докази дека „DMT“ може да ја зголеми долгорочната меморија и растот на нови неврони, па дури и дека има потенцијал да ги убие клетките на ракот. Но, има и лоша страна, како што веќе споменавме предизвикува силни напади на повраќање.

Во секој случај, достапните податоци за халуциогените дроги се се’ уште екстремно ограничени, што значи дека се наоѓаме само на почетокот на тоа да разбереме за што се’ се способни. Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа: