НАСА бара помош во обидот да донесе астероид на Земјата

НАСА ја развива својата прва роботска мисија за посета на голем астероид кој се наоѓа во близина на Земјата, при која треба да собере голем примерок од тој астероид и да го пренасочи во стабилна орбита околу Месечината. Потоа, астронаутите ќе го истражуваат и ќе донесат помали примероци од него на Земјата за понатамошни испитувања.

Оваа мисија за пренасочување на астеориди (Asteroid Redirect Mission (ARM)) е дел од планот на НАСА за унапредување на нови технологии и летала кои се потребни за човечката мисија на Марс во 2030-тите години.

Во понеделникот, во својата објава, НАСА истакна дека во „блиска иднина“ ќе ја активира мисијата за пренасочување на астероиди со партнерства (Asteroid Redirect Mission Umbrella for Partnerships (ARM-UP)), што во основа ќе претставува шанса за приватните компании да и помогнат да ја обезбеди потребната опрема за да испрати роботско летало на астероид (што е планирано за 2021 година), при што роботот ќе земе „примордијална мулти-тонска маса“ (карпа) и ќе ја довлечка во орбита околу Месечината. Потоа, после 5 години (во 2026 година), НАСА ќе испрати астронаути на овој релоциран астероид во ново летало на „Orion“ и ќе земе помали примероци кои ќе ги врати на Земјата за понатамошни анализи и проучувања.

Научниците се надеваат дека овие примероци ќе овозможат нови откритија за животот на Земјата, за тоа како тој првично настанал и за тоа како може да се користат астероидите како ресурси.

НАСА ја нарекува оваа мисија демострација на способностите и со оглед на тоа што Конгресот, како и некои планетарни научници, не го одобруваат ова, агенцијата реши да побара надворешни партнерства. НАСА планира да ја отвори оваа мисија следниот месец и да остане отворена до август 2018 година за сите компании кои сакаат да се приклучат. Најверојатно агенцијата е подготвена и да им плати одредена сума на тие компании, но се’ уште не се знае за колкава сума станува збор.

Поддржете ја нашата работа: