НАСА одобри нова мисија за леталото што прелета покрај Плутон

По спектакуларното прелетување покрај Плутон минатиот јули, леталото „Нови Хоризонти“ сега официјално е насочено кон својата нова дестинација, пред да му снема гориво. НАСА формално одобри продолжување на неговата мисија, за да го посети „2014 MU69“ – мал антички објект со пречник од само 30 до 40 километри (минијатурен во споредба со 2370 километарскиот пречник на Плутон).

„Возбудени сме што ќе продолжиме да патуваме во темните длабочини на крајот на сончевиот систем за да достигнеме научна цел која не беше дури ни откриена во 2006 година, кога го лансиравме леталото“, вели Џим Грин, директор на планетарните науки на НАСА.

За да ја достигне оваа цел, „Нови Хоризонти“ ќе се упати кон Кајперовиот појас каде што се наоѓаат милиони ледени тела кои се смета дека се остатоци од раѓањето на нашиот сончев систем пред 4,6 милијарди години. Ако се биде во ред, „Нови Хоризонти“ ќе ја достигне целта на 1 јануари 2019 година.

Објектите како „MU69“ се особено важни бидејќи се смета дека настанале во раните денови на нашиот сончев систем, па претставуваат еден вид на временска капсула, што значи дека може да содржат траги за градежните елементи на планетарните системи.

НАСА исто така одобри продолжување на мисијата на вселенското летало „Зора“ (Dawn), кое ќе остане во долга стабилна орбита околу Церера за да дознаеме повеќе и за овој мал мистериозен свет.

Извор: „New Scientist“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.