Тимот на НАСА е чекор поблиску до создавање на целосно 3Д печатен ракетен мотор со високи перформанси откако создаде сложени делови од моторот и ги испроба со течен водород и кислород на ниски температури.
„Тестиравме околу 75% од деловите кои ни се потребни за да изградиме 3Д печатен ракетен мотор“, вели Елизабет Робертсон, менаџер на проектот.
Она што е од особено значење е дека деловите работат на истиот начин како и во конвенционалниот мотор, и под екстремни температури и притисок кои ги има во ракетните мотори.
НАСА досега спровела вкупно 7 успешни тестирања. Овие тестирања ги намалуваат трошоците и ризиците поврзани со користењето на 3Д печатењето, што е релативно нов процес за изработка на квалитетни делови за воздухопловството, вели Робертсон.
3Д печатењето е клучна технологија за подобрување на дизајнот на вселенските возила и овозможување на подостапни истражувачки мисии. Оваа технологија има потенцијал да влијае на леталата изградени за напуштање на Земјата и на вселенските бродови и сонди за посета на подалечни дестинации.
Идните планови вклучуваат тестирање на моторот со течен кислород и метан, со оглед на тоа дека производството на метан и кислород може да биде возможно на Марс.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























