НАСА успешно го тестираше генераторот кој ќе не однесе на Марс

НАСА успешно го помина вториот, воедно и последен тест на Земјата на еден од дополнителните генератори кои ќе ја напојуваат ракетата „Space Launch System“, која во 2018 година треба да го лансира вселенското летало „Orion“ без екипаж на Црвената Планета.

Ракетата „Space Launch System“ ќе има два вакви генератори и откако ќе биде завршена ќе биде најмоќната ракета која некогаш е изградена. Во меѓувреме, НАСА тестира дел по дел.

Првото тестирање на генераторот беше успешно завршено во март 2015 година, кога генераторот бил запален две минути (исто толку време колку што ќе биде вклучен кога ќе полетува) достигнувајќи го врвот на својот температурен опсег (32 степени Целзиусови). Во сегашното тестирање, генераторот бил оладен до својата крајна граница (4 степени Целзиусови) и потоа бил запален, повторно во период од две минути.

Во моментов, научниците на НАСА ги прегледуваат податоците од ова тестирање за да се осигураат дека се функционира како што треба.

Откако се ќе биде готово, според плановите во 2018 година, два вакви генератори ќе овозможат повеќе од 75% од движечката сила која е потребна за ракетата заедно со вселенското летало „Orion“ да избега од гравитациската сила на Земјата и да се упати кон Марс. Едвај чекаме 2018 година за да ги видиме овие генератори во акција.

Поддржете ја нашата работа: