Нашата насмевка еволуирала пред 5 милиони години

Долго време научниците сметале дека насмевката потекнува од исплашените гримаси на нашите предци, а како доказ го сметале фактот што притоа не ја поместуваат горната уста. Но, анализата на спонтаната смеа кај шимпанзата покажува дека тие се смеат на позитивен начин, исто како и луѓето.

Оваа насмевка кај шимпанзата има изненадувачки сличности со нашата, што укажува на тоа дека мора да еволуирала кај нашиот заеднички предок, или поточно пред повеќе од 5 милиони години.

Тим на истражувачи ги анализирале фацијалните изрази на 46 шимпанза додека си играле, и потоа ги споредувале со човечките насмевки. Шимпанзата биле од 4 различни колонии во Замбија и Африка за да се земат предвид индивидуалните разлики. Истражувачите откриле дека шимпанзата се смеат и без да испуштаат звуци, притоа подигнувајќи ги горните усни, со што се отфрла идејата за исплашените гримаси.

Истражувањето е објавено во „PLOS ONE“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt