Нашето Сонце е „застрашувачки“ мирно

НАСА објави слики на кои Сонцето  речиси и да нема никакви дамки на неговата површина.

Ова претставува најниската соларна активност од 2011 година наваму, иако Сонцето се наоѓа само на половината од неговиот 11-годишен циклус и пет години од сончевиот минимум. Сепак, од некои причини изгледа дека Сонцето е влезено во мирна фаза многу порано од вообичаеното.

Соларната активност се мери според количината на дамки или пеги на површината на Сонцето. Сончевите пеги се видливите темни делови на Сонцето кои ги покажуваат областите каде магнетното поле е многу јако – илјадници пати појако од магнетното поле на Земјата.

Со текот на времето, целата оваа енергија се ослободува во вид на моќни сончеви блесоци, кои претставуваат кратки, извонредно силни експлозии од високо-енергетски зрачења. Кога овие блесоци се насочени кон Земјата можат да предизвикаат прекин на радио комуникациите, како и спектакуларна аурора, подалеку од половите.

Вакво нешто се случи на крајот на октомври кога Земјата беше бомбардирана од геомагнетка активност, поттикнувајќи неверојатна јужна и северна поларна светлина.

Но оттогаш Сонцето е невообичаено мирно и како што покажуваат сликите на НАСА направени од 14 до 18 ноември, на Сонцето речиси и да нема пеги тие неколку дена.

spotless_nov

За разлика од ова на сликите од јануари 2014 година можат да се забележат пеги во центарот на сонцето. Обично ги има неколку, расфрлани по сончевата површина.

latest_4096_hmii_0

Сепак, сѐ уште нема место за загриженост. Научниците знаат дека Сонцето покажува осцилации во активноста во период од 11 години, а бидејќи последниот врв беше во 2014 година, нормално е Сонцето да влезе во мирување. Сепак, следното минимално соларно ниво не се очекува уште пет години, сѐ до 2021 година, па останува нејасно зошто Сонцето е влезено во мирување толку рано.

Добрата вест е што вакви кратки периоди на нективност не се сосема непознати. Минатиот јуни Сонцето помина низ необично тивок период, а потоа следеше период со многу соларни пеги и бури. Покрај тоа, соларниот период во кој сега се наоѓаме е еден од најслабите во последните 100 години, така што вакво нешто може да се очекува.

Но, како што изјави физичарот Тони Филипс за „LA Times“, уште во 2014 година за време на еден ваков мирен период, реалноста е дека колку и да мислиме дека го познаваме нашето Сонце, ние многу малку знаеме за процесите кои се одвиваат на нашата ѕвезда.

 

Поддржете ја нашата работа: