Астрономите открија дека нашиот спирален регион на Млечниот Пат – наречен „Local Arm“ – е околу 4 пати поголем отколку што претходно се проценуваше.
Ова откритие укажува дека нашето космичко соседство зафаќа поголем дел од галаксијата отколку што мислевме, со новите проценки кои укажуваат дека „ Local Arm“ може да биде повеќе од 20.000 светлосни години долг.
Иако тој не е толку голем како што се четирите големи спирални краци кои го сочинуваат поголемиот дел од ѕвездите на нашата галаксија, гасот и прашината- наречени „Perseus“, „Scutum-Centaurus“, „Sagittarius“, и „Outer arms“ – новите мерења се доволни за значително да го променат нашето разбирање за тоа како изгледа нашиот Млечен Пат.
„Ние сме изненадени. Голем дел од материјалот што сметавме дека е во близина на кракот, всушност е дел од самиот „ Local Arm“- изјавува астрономот Марк Рид од ценарот за астрофизика Харвард- Смитсонијан.
Рид заедно со меѓународниот тим на астрономи ги мереле радио емитувањата околу „Local Arm“ за да добијат чувство за тоа каде се наоѓаат најпрометните региони за формирање на ѕвездите на небото.
„Тоа не е толку лесно како што мислите, бидејќи ние се наоѓаме внатре во спиралата која се обидуваме да ја мапираме- и не само што растојанијата се преголеми, туку и нашата перспектива се попречува од страна на сите космички материи кои се обидуваме да ги утврдиме. Основниот проблем при набљудувањето на Млечниот Пат е тоа што тој претставува систем кој наликува на диск и ние сме во внатрешноста на дискот. Да речеме, доколку нацртаме спирала на врвот, кога ќе го свртиме дискот на страна и ќе го погледнеме- не можеме да ја видиме спиралата на него“ – додава Рид.
Научниците претходно сметале дека тој повеќе наликува на ’рбет отколку на спирален крак, но новите сознанија покажуваат дека е поблиску до другите краци по големина и по стапката на формирање на нови ѕвезди, иако е сепак 5 до 6 пати пократок по должина.
Тимот исто така пронашол и доказ за формирање на нов ’рбет во нивните податоци, откривајќи структура што наликува на мост што се протега помеѓу „Local Arm“ и неговиот соседен крак „Sagittarius“.
Па благодарение на овие видови на необичности и асиметрии, нашиот Млечен Пат најверојатно не изгледа како уреден вител како што мислевме до сега.
Ова откритие го следи и неодамнешното објавување на нова мапа на Млечниот Пат од страна на Европската вселенска агенција, што покажува дека нашата галаксија содржи многу повеќе ѕвезди- преку 1,1 милијарди вкупно (и бројот се уште се зголемува).
Па, дури и ако не е толку совршено убав како што го замислувавме дека е, Млечниот Пат се’ уште има многу изненадувања за нас.
Наодите се објавени во „ Science Advances“